|
Четврток, 23 Февруари 2012
|
|
|
Ако исландскиот парламент ја прифати законската иницијатива за пушење за која се расправа, жителите на таа држава во иднина би можеле да добијат цигари единствено во аптека и тоа на рецепт.
Законскиот предлог што го предвидува исландскиот парламент Allthing предвидува пушењето да се прогласи за зависност, а тоа значи дека према пушачите ќе се однесува како према пациенти кои се обврзани редовно да посетуваат лекар, а цигарите ќе ги добиваат во аптека, пренесува австрискиот Der Standard.
Според предлогот, лекарите пушачите-пациенти би требало да ги поттикнуваат на престанок со пушење и да ги праќаат на терапија за одвикнување, а ако тоа не помогне, ќе им препишуваат цигари.
Иако би биле прогласени како пациенти, пушачите не би ги добивале цигарите бесплатно, туку би ги плаќале по пазарна цена, а заминувањето во странство по цигари на Исланд и онака не би се исплатило, бидејќи оваа островска држава е изолирана и оддалечена од соседите.
Туристите кои го посетуваат Исланд веќе се соочуваат со ригорозни царински прегледи, кои посебно се насочени на цигарите и алкохолот. Бившата исландска министерка за здравство Сив Фриедлеифсдотир, која ја предводи иницијативата заедно со претставници на сите пет исландски парламентарни партии, смета дека друштвото не е доволно свесно за ризикот од пушењето и дека треба „конечно да се разбуди“.
Борбата против пушење на Исланд трае веќе со години, а во 1991 ако пушеле 30 отсто од жителите, денес ги има само 15 отсто. Кон тоа придонеле и повеќекратните даноци на тутунот и економската криза која ги погоди многу Исланѓани.
Кутија цигари на Исланд е 900 исландски круни (5,41 евра).
Повеќе вести од оваа категорија: |
|---|
|

Volkswagen сега знае како можете да доживеете оргазам и тоа без дечко до вас. Погледнете ја оваа сексистичка реклама за Golf GTI кој го слави 35-тиот роденден. Ако сакате да се чуствувате...

Volkswagen ги претстави своите два најбрза кабриолета на манифестацијата Worthersee GTI во Австрија, претставувајќи концепт наречени Golf Cabriolet R и Golf Cabriolet GTI. Новите модели се добиени од моделот Golf GTI...

Инженерите од германската компанија БМВ, произведуваат конкурентни автомобили, кои се во чекор со времето. Но, пред нас е нешто сосема друго. Концептот на автомобилот BMW 328 Hommage, својата осноја ја...

Македонската ракометна федерација влегува амбициозно во проектот ЕП Србија 2012, континентален шампионат кој ќе се одржи во нашето соседство во јануари. Македонија во прелиминарната рунда ќе игра со селекциите на...
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
| 61.54 | 42.00 | 68.95 | 50.29 |
| Според среден курс на НБРМ | |||
Каде на одмор летово?
(182 гласа)
|
Korzo © 2012. Сите права се задржани.
|