|
Вторник, 07 Февруари 2012
|
|
|
Научниците го пронајдоа генот кој е поврзан со мигрената, што буди надеж во пронаоѓањето на вистинскиот и ефективен лек.
Мигрените погаѓаат една од осум личности на светот и можат да бидат многу опасни. Но, се чини дека научниците се повеќе се приближуваат до одговорите кои ќе ни помогнат да се решиме од тие страшни главоболки. Меѓународниот тим на научници го пронајде „генот мигрена“ кој буди надеж во пронаоѓањето на вистинскиот лек, за разлика од сегашните кои не се доволно ефективни или не делуваат еднакво добро на секој.
Научниците спроведоа студија објавена во списанието „Nature Genetics“. Споредиле ДНК од илјада луѓе кои патат од мигрена со ДНК на оние кои немаат такви проблеми. Ја пронајдоа генетската мана, која, како што се чини, ја зголемува можноста за оваа болест така што на глутаматот му дозволува да се акумулира во соединенијата помеѓу станиците во мозокот. Глутаматот инаку е хемикалија која ги пренесува пораките во мозокот.
Иако и некои поранешни истражувања ги утврдиле гените кои се поврзани со ретките облици на мигрена, ниту едно до сега не го пронашол генот кој е поврзан со најчестиот облик на мигрена. Затоа, лековите кои ќе го спречат глутаматот да се насобира можат да ја стопираат мигрената.
Професорот Кристијан Кубиш од Универзитетот Улм во Германија, еден од научниците кои го спроведоа истражувањето, вели дека оваа студија го отвара патот кон идните истражувања кои ќе продрат подлабоко во биологијата на оваа болест.
Повеќе вести од оваа категорија: |
|---|
|

Volkswagen сега знае како можете да доживеете оргазам и тоа без дечко до вас. Погледнете ја оваа сексистичка реклама за Golf GTI кој го слави 35-тиот роденден. Ако сакате да се чуствувате...

Volkswagen ги претстави своите два најбрза кабриолета на манифестацијата Worthersee GTI во Австрија, претставувајќи концепт наречени Golf Cabriolet R и Golf Cabriolet GTI. Новите модели се добиени од моделот Golf GTI...

Инженерите од германската компанија БМВ, произведуваат конкурентни автомобили, кои се во чекор со времето. Но, пред нас е нешто сосема друго. Концептот на автомобилот BMW 328 Hommage, својата осноја ја...

Македонската ракометна федерација влегува амбициозно во проектот ЕП Србија 2012, континентален шампионат кој ќе се одржи во нашето соседство во јануари. Македонија во прелиминарната рунда ќе игра со селекциите на...
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
| 61.54 | 42.00 | 68.95 | 50.29 |
| Според среден курс на НБРМ | |||
Каде на одмор летово?
(175 гласа)
|
Korzo © 2012. Сите права се задржани.
|