|
Четврток, 23 Февруари 2012
|
|
|
Еден град во Тајван вчерашниот ден го прогласи за „Ден на Лејди Гага“ во чест на првата посета на поп дивата на островот, јавува агенцијата France Press.
Ексцентричната пејачка, која се појави во црвени панталони и фустан и црно бела перика, го прими клучот на градот Тајчунг, кој лично и го врачи градоначалникот, на церемонијата пред неколку стотици восхитени обожаватели.
„Во име на Тајчунг, денешниот ден го прогласувам за „Ден на лејди Гага“, извикна градоначалникот Џејсон Ху.
Фановите на Гага - познати како „мали чудовишта“, претходно продефилираа низ градот во шарени костими и перики.
Еден од нив на главата носеше свинска глава, веројатно како почит кон фустанот од сирово месо кој Гага го носеше на доделувањето на MTV музичките награди во 2010 година.
25 годишната пејачка, која оваа година се најде на листата на Форбс за највлијателни лица на светот, е една од најпопуларните меѓународни ѕвезди во Тајван, а нејзината посета ја проследија сите водечки медиуми.
Синоќешниот концерт, на кого присуствувале околу 4000 луѓе, беше дел од петтодневната промотивна тајванска турнеја за нејзиниот нов албум „Born This Way“.
Повеќе вести од оваа категорија: |
|---|
|

Volkswagen сега знае како можете да доживеете оргазам и тоа без дечко до вас. Погледнете ја оваа сексистичка реклама за Golf GTI кој го слави 35-тиот роденден. Ако сакате да се чуствувате...

Volkswagen ги претстави своите два најбрза кабриолета на манифестацијата Worthersee GTI во Австрија, претставувајќи концепт наречени Golf Cabriolet R и Golf Cabriolet GTI. Новите модели се добиени од моделот Golf GTI...

Инженерите од германската компанија БМВ, произведуваат конкурентни автомобили, кои се во чекор со времето. Но, пред нас е нешто сосема друго. Концептот на автомобилот BMW 328 Hommage, својата осноја ја...

Македонската ракометна федерација влегува амбициозно во проектот ЕП Србија 2012, континентален шампионат кој ќе се одржи во нашето соседство во јануари. Македонија во прелиминарната рунда ќе игра со селекциите на...
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
| 61.54 | 42.00 | 68.95 | 50.29 |
| Според среден курс на НБРМ | |||
Каде на одмор летово?
(182 гласа)
|
Korzo © 2012. Сите права се задржани.
|