|
Четврток, 23 Февруари 2012
|
|
|
„Колку и да сакав да бидам како оние кои одат на журки и убаво си поминуваат, никако не ми успеваше. Денес ми е најмило да останам дома и да читам или разговарам со некоја билска личност“, призна актерот.
Даниел Редклиф, ѕвездата од серијалот за детето волшебник, призна дека бил зависник од алкохол. Редклиф (21) искрено проговори за фазата кога како 18 годишњак животот му избегал од контрола. Во тоа време почна снимањето на филмот „Harry Potter and the Half-Blood Prince“.
„Неколку години бев фасциниран од знаењето дека живеам како славните актери, но таков живот не ми одговараше. Затоа отидов на одвикнување“, рече актерот.
Редклиф, кој тврди дека во август 2010 година престанал да пие, рече и дека имал среќа што фоторепортерите не ги снимиле неговите бројни испади под влијание на алкохол. „Колку и да сакав да бидам како оние кои одат на журки, повремено пијат и убаво си поминуваат, не ми успеваше. Денес најмило ми е да останам дома и да читам или разговарам со некоја блиска личност, онаа која знае да ја измами насмевката на моето лице. Не треба да се срамите поради уживањето во мирниот живот“, рече тој.
Премиерата на последниот филм од серијалот Хари Потер, „Harry Potter and the Deathly Hallows: Part 2“ е закажана за четврток во Лондон.
Повеќе вести од оваа категорија: |
|---|
|

Volkswagen сега знае како можете да доживеете оргазам и тоа без дечко до вас. Погледнете ја оваа сексистичка реклама за Golf GTI кој го слави 35-тиот роденден. Ако сакате да се чуствувате...

Volkswagen ги претстави своите два најбрза кабриолета на манифестацијата Worthersee GTI во Австрија, претставувајќи концепт наречени Golf Cabriolet R и Golf Cabriolet GTI. Новите модели се добиени од моделот Golf GTI...

Инженерите од германската компанија БМВ, произведуваат конкурентни автомобили, кои се во чекор со времето. Но, пред нас е нешто сосема друго. Концептот на автомобилот BMW 328 Hommage, својата осноја ја...

Македонската ракометна федерација влегува амбициозно во проектот ЕП Србија 2012, континентален шампионат кој ќе се одржи во нашето соседство во јануари. Македонија во прелиминарната рунда ќе игра со селекциите на...
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
| 61.54 | 42.00 | 68.95 | 50.29 |
| Според среден курс на НБРМ | |||
Каде на одмор летово?
(182 гласа)
|
Korzo © 2012. Сите права се задржани.
|